Електронски уреди > Бела техника

Помош околу Indesit WITL62

<< < (2/4) > >>

Devil:
Според дел од ознаките ова би можело да биде

5BW - BC807
W1A - PMST3904
L4W - BAT54
A7W - BAV99 или BFG310W/XR   

А она A8A7 не можам да го најдам
Ова не мора да се точните вредности, има само голема шанса да бидат, треба да се споредат со некој други исправни за да се каже дали се или не

bicikle:
Хммм, а како го детектира ако не е тајна, има некои исправни,  али освен пнп/нпн како да ги споредам?

Devil:
Не е тајна воопшто, производителите на SMD компоненти поради недостаток на површина да г напишат точното име користат код, најчесто може да се најдат по каталози и слично.

Јас често тука ги пребарувам таквите работи

--- Code: ---http://www.s-manuals.com/smd
--- End code ---

Се најдуваат и други pdf фајлови и слично со најчести кодови од производители

bicikle:
Фала ти Ѓаволе, ја се отепав од барање, може тој што не можеше да го најдеш и го немав видено добро, како и да е ќе пробам деновиве да ги сменам па ќе видиме.

GigaWatt:
Нема шанси, никаде не најдов шема со 32 пински MCU. Овие серии на MCU-а (Renesas R8C), најчесто ги користеле во машини за миење садови на Bosch и Siemens. По некои Руски сајтови за сервис, начекав дека и Indesit/Ariston ги имаат користено, но изгледа во некои ретки серии и никаде нема шема од нив. Ни слика не можев да најдам како изгледаат овие плочи (освен оние што ти ги имаш ставено). Изгледа ти се погодила таква серија :S.

Јас прво би испитал дали работи MCU-то. Извади ги транзисторите, и онака најверојатно се користат само како логички бафери или инвертори, убаво разгледај ја плочката и види уште нешто да не е изгорено. Прекини го водот за напојување на MCU-то, стави ја плочката под напон и види дали доаѓа напон меѓу 3.3 и 3.9V на тој вод. Ако доаѓа, залеми два пин од џампер на матична плоча на тоа место, стави џампер и види дали ќе покаже живот електрониката (дали ќе свири, диоди да светат, било што што би индицирало дека MCU-то работи). Пипни го, ако почне да грее без знаци на живот, вади го џамперот, најверојатно е изгорено MCU-то. Ако работи, јас лично барем би одел компонента по компонента. Смени една, види дали ќе изгори, ако не изгори, изгледа си ја погодил и компонентата и поларитетот ;). Ако изгори... нешто си утнал.

Чекор по чекор е најсигурно. Не поради друго, да не случајно го зезнеш MCU-то ;).

Navigation

[0] Message Index

[#] Next page

[*] Previous page

Go to full version