Општа дискусија > Општа дискусија

Упатете ме за радиоаматер

(1/5) > >>

Engineer:
Значи вака
 -Од мал многу имам мерак да работам со фреквенции,додека бев помал се занимавав со поправка на старите радиа и сл.

-Порано имав радио станици, но татко ми распродаде се тоа на времето.
-Сакам да се занимавам со радиоаматерство.
-Е сега ме интересира дали некој може да ме упати каде да најдам радиостаница
-И на кој фреквенции да ја наместам,знам старите беа со кристали внатре и со намотки, сеа новите незнам какви се, ете и доколку најдам радиостаница на кој канали да барам на кој фреквенции.
Ве молам упатете ме.
Благодарам.
 

batka:

--- Quote from: Engineer on 14.01.2017, Saturday, 22:53:51 ---Значи вака
 -Од мал многу имам мерак да работам со фреквенции,додека бев помал се занимавав со поправка на старите радиа и сл.

-Порано имав радио станици, но татко ми распродаде се тоа на времето.
-Сакам да се занимавам со радиоаматерство.
-Е сега ме интересира дали некој може да ме упати каде да најдам радиостаница
-И на кој фреквенции да ја наместам,знам старите беа со кристали внатре и со намотки, сеа новите незнам какви се, ете и доколку најдам радиостаница на кој канали да барам на кој фреквенции.
Ве молам упатете ме.
Благодарам.


--- End quote ---


Батка да ти каже нешто- ова ми стои како оној виц - сакам да возам авион ,ама точак уште не сум научил. Тоа што од мал си работел со фреквенции и си имал радио станици кои татко ти ( исправно - ги продал да си нема проблеми) и што имаш само желба ( а не знам колку имаш и знаење! ) да станеш радио-аматер! Пред да посегнеш по радио станица треба многу да научиш, да полагаш испит за радио оператор , да добиеш дозвола за станица.... Приказнава ти е јака,ама мораш да идеш прво во некој радио клуб и да има  ја раскажеш. И една тајна да ти кажам - и ден денес станиците имаат калеми,кристали и намотки ,само се поинакви.И смени го насловот на темата пример , Како да станам радио -аматер ?-

DX-er:
Одиш во АЕК во центар и пополнуваш формулар (барање) за полагање на радиоаматерски испит.

За радио станица највеке купуваме преку интернет бидејки кај нас и нема радио станици а и тие што ги има се со цени како за фирми / професионалци и се прескапи за нас како хобисти. Сајтовите за нарачка од интернет сигурно ти се добро познати, ebay, aliexpres, dx, и многу други.

batka:
Е,па после ке ти * штракаат* на R0 ... 8) Ке ти * штракаат*, ами како,  и ке немаш право да се лутиш Dx- ер бидејќи некој  за пари ке му  потпише  дека *положил*. А колку научил и колку знае да работи.....

DX-er:
Јас кажав од искуство како иде процедурата за поднесување на барање, после тоа тие убаво ке му објаснат како иде натака... Во државава АЕК издава лиценци и никој друг! Значи тоа полагање по клубови не постои повеке години.
Немам таков впечаток за АЕК, баш напротив АЕК е пример за сериозна институција и репер за многу други институции како треба да работат и да се однесуваат. АЕК работат, први во регионот воведовме дигитална телевизија, 4G LTE услуги и др. новитети пред другите држави.

Штракачите се нешто сосем друго, тоа е психички проблем. Штракачи има и со 50W супер скапи брендови од радио станици и антени, има и повозрасни радиоаматери. Дали човек ке штрака зависи од неговата совест а не од други работи. Има лек и за штракачите, еве ги снема, немам приметено некој да штрака како порано, дури и да има тоа е ретко и неприметно.

Navigation

[0] Message Index

[#] Next page

Go to full version