Дигитална електроника > Развојни околини

Безконтактно плаќање - дали е безбедно ?

(1/2) > >>

MarkoMK:
Во последно време е актуелно тн. безконтактно плаќање. Поентата е - поминувате со картицата преку пост терминалот и завршена работа.. не треба да се става картицата во терминалот па да се чита, не треба пин (ова важи за трансакции до 750 денари).
Сигурно во картицата ќе има некаков РФИД чип, но дилемата ми е, дали е можно некој „бесконтактно“ да не ограби? пр. картицата ја носам во џеб и некој со некаков уред симулира пост терминал и комуницира со картицата???

Devil:
најверојатно можи да се случи тоа, ама ако е со nfc комуникација тоа би било малечко растојание, а банките во секој момент кога ќе заприметиш чудна трансакција можат да ја поништат а тебе да ти ги вратат парите

Josifosky:
Не може,  работи на принцип NFC треба да е многу блиску до тебе за да може да повлечи пари и тоа е обезбедено со специјална веројатно енкриптирана конекција што не би било и баш така лесно да се пробија сега е исто воведено и на фестивали баш годинава добив таква белезица исто со пос терминал се ставаат пари во неа и се плаќа на фестивалот со неа само се доближува раката до пос терминал ама колку што пробав да избришам или да покажам податоци од неа преку NFC не успеав..

MarkoMK:
Изгледа ми се остваруваат претпоставките  ???


--- Code: ---http://puls24.mk/zanimlivosti/tehnologija/vnimanie-kriminalcite-imaat-ured-za-krazba-na-podatoci-od-kreditnite-karticki
--- End code ---

Z31GH:
Доколку се случи такво нешто парите ќе ти одат на нечија сметка. Не на приватна, само фирмите смеат да имаат такви терминали. Правиш истрага и се наоѓа сметката на тој што те ограбе и тој оди во затвор  ;D Не е така едноставно бе да те ограби некој на таков начин! А и не верувам дека може на странска сметка да префрли пари од таква картичка, така да парите ќе се најдат лесно а ограбувачот ако ограби некој со два пара м*да, ни костозглобната болница во Охрид нема да му помогне  ;D

Navigation

[0] Message Index

[#] Next page

Go to full version