Електронски уреди > Бела техника

Проблем со клима GORENJE KGS 34 RVIN

(1/4) > >>

LordZi:
Кога ќе се вклучи климата на дисплејот дава грешка Е7, според мајсторот тоа е проблем со електрониката и не се прави, туку се менува цела плочка. Ја извадив плочката, изгледа како на сликата(само овде е изваден епромот):



Визуелно нема ништо прегорено, дури ни потемнето од греење, напоните 5V за логиката и 14V за релињата ги има и доаѓаат до процесорот, епромот и сегде кај што треба. Тријакот BT136 се покажа добар но за секој случај го сменив, го проверив и оптотријакот MOC3021 со сијалица, работи и тој, сите транзисторчиња и диоди се исправни. Епромот го исчитав, има нешто во него, не се све нули, кристалот за процесорот осцилира на 32,7хх кHz колку што треба. Го сменив и ULN2003A, нема никаква промена, пак дава Е7.
Има некој искуство со ваков дефект или идeа некоја...?

GigaWatt:

--- Quote from: LordZi on 22.07.2014, Tuesday, 13:55:41 ---Кога ќе се вклучи климата на дисплејот дава грешка Е7, според мајсторот тоа е проблем со електрониката и не се прави, туку се менува цела плочка.
--- End quote ---

Вака прават сите сервисери на клими бидејќи не се разбираат од „деликатна“ (попрецизно, нисконапонска) електроника ;D.

Околу брендот и моделот на климата, случајно да не е Gorenje KGS 34 RAVEN или RVN?

Околу конкретниот проблем... треба да се најде што означува тој код. Сервисно упатство ќе помогне многу во конкретната ситуација.

Ако можеш, испиши ги сите ознаки на плочката кои мислиш дека означуваат нешто, бидејќи пребарување на VESTELLCD-C на Google не извади ништо корисно. Овие контролни плочки обично се направени од подизведувачи и се користат во повеќе модели и брендови на клими, така да, можно е од некаде да се најде шема со некое скратено сервисно упатсво за оваа контролна плочка. Исто така, не е лошо да ги пишеш ознаките на процесорот, можно е да најдеме нешто корисно online, од dump-ови до шеми или нешто друго корисно ;). Ќе треба да ја одлепиш онаа белана налепница, тoа е интерна ознака на производителот, а често знаат така да прават и за да ги скријат оригиналните ознаки на интегрираното коло. За секој случај, сликај го прво процесорот со белата налепница бидејќи, кој знае, можно е подоцна да притребаат тие ознаките на налепницата за нешто ;D.

LordZi:

--- Quote from: GigaWatt on 22.07.2014, Tuesday, 18:04:50 ---Околу брендот и моделот на климата, случајно да не Gorenje KGS 34 RAVEN или RVN?

--- End quote ---

Мајсторот се качуваше да ја прочита ознаката на климата, можно е да утнал некоја буква, така ми издиктира-така запишав, јас знаеш дека не сум во состојба да се пентарам по скали да проверам... ;)

На плочката нема некои други ознаки, освен тие што се гледаат на сликата. Иначе мене ми личи дека е исправна, дека маката е негде во надворешната, кога ја местеа климата на времето не ја изолираа убаво, дел од кабелот со години стои на сонце и снег, не можам да видам убаво, ми делува како пропаднат на тоа место, ама мајсторот упорно тврди дека не е до тоа. Ми спомна дека имало некои универзални плочки за клими, ќе пробаме со таква, па ќе пишам дали се решил проблемот.

trtkolo:
Колку е стара климата, и дали кога ке ја вклучиш со даљинското уклучуе компресорот, доколку уклуче дали е проверен притисокот на фреонот.
Споено мислење: [time]22 Јули 2014, 22:16:35[/time]Ако нешто ова помогне


--- Code: ---http://www.kontrolkalemi.com/forum/konu/t%C3%BCm-klima-ar%C4%B1za-kodlar%C4%B1.39340/page-10
--- End code ---

GigaWatt:
А ознаките на процесорот кои се?

Navigation

[0] Message Index

[#] Next page

Go to full version